skip to Main Content

Медиумите во Франција го обвинија Путин за „недостиг на елеганција“

Медиумите во Франција го обвинија Путин за „недостиг на елеганција“
  • 16.07.2018

Сите медиуми во Франција посветија сериозно внимание на вчерашното наградување на француските репрезентативци, кои поминаа на пороен дожд.

Француските изданија „Клоусер“ и „Ел“ се фокусираат на церемонијата на доделувањето на која претседателите на Франција и Хрватска, Емануел Макрон и Колинда Грабар-Китаровиќ останаа на дождот и накиснаа, додека рускиот претседател Владимир Путин беше веднаш заштитен со чадор.

„Ел“ забележува дека Макрон и особено хрватската претседателка ги придобиле симпатиите на целиот свет за време на оваа неверојатна сцена.

Грабар-Китаровиќ ја зачува трпеливоста и насмевката и продолжи да им честита и да ги прегрнува фудбалерите и покрај силниот дожд. Слична беше и реакцијата на Макрон, за кого весниците на шега пишуваат дека тој, како и фудбалерите од националниот тим го „наводенил дресот“.

Коментаторите го критикуваат Путин за „недостиг на елеганција“ токму во овој момент, и мислат дека морал брзо да оди со чадорот до својата колешка од Хрватска и да ја заштити од дождот.

Француските изданија се осврнуваат и на упадот на четири лица на стадионот за време на финалето за кое одговорност презеде руската панк група „Пуси Рајот“, која објасни дека така сакале да привлечат внимание на проблемот со политичките затвореници во Русија и особено, да побараат ослободувањето на украинскиот режисер Олег Сенцов, кој е осуден на 20 години во Русија под обвинение за тероризам и трговија со оружје.

Back To Top