skip to Main Content

Мајкл Џордан застана зад Леброн Џејмс во спорот со Доналд Трамп

Мајкл Џордан застана зад Леброн Џејмс во спорот со Доналд Трамп
  • 05.08.2018

Кошаркарот Леброн Џејмс не одговори на прозивките на  претседателот на САД, Доналд Трамп, но Мајкл Џордан кој индиректно беше спомнат во спорот застана зад својот колега.

Трамп предизвика лавина од критики откако на Твитер индиректно го навреди еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс.

Тој реагираше на интервјуто на Џејмс дадено за Си-Ен-Ен во кое наведе дека претседателот го злоупотребува спортот за поделби меѓу луѓето.

– Леброн Џејмс беше интервјуиран од страна на најглупавиот човек на телевизијата, Дон Лимон. Тој направи Леброн да изгледа паметно, што воошто не е лесно. Мене на пример ми се допаѓа Мајкл Џордан, напиша Трамп на Твитер.

Меѓутоа Џордан, иако ја доби поддршка на Трамп во вечната расправа за тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња, застана на страната на Џејмс.

–          Го поддржувам Џејмс. Прави неверојатни нешта за својата заедница, кусо прокоментира Џордан.

Леброн Џејмс преку неговата фондација e активен во социјално загрозените средини, а кошаркарот е познат по честите критики кон претседателот и неговата политика.

Во меѓувреме американскиот претседател влезе и во конфликт со НФЛ играчите, откако побара сите да бидат отпуштени бидејќи го навредуваат знамето кога клекнуваат на едно колено или на друг начин одбиваат активно да учествуваат во интонирањето на химната.

Back To Top