skip to Main Content

„Маја готви“: Познатите емпанади од латино-американската кујна

„Маја готви“: Познатите емпанади од латино-американската кујна
  • 31.10.2018

Денешната инспирација Маја ја црпи од Латинска Америка, односно рецепт кој ќе ви го наполни домот со најегзотични мириси.

За подготовка на емпанади потребни ви се: брашно, пецива, шеќер, сол, пилешки бујон и јајце. Се замесуваат состојките, тестото се остава во фрижидер 30 минути. Потоа се расукува на кругови за полнење, кои се полнат со фил и потоа се затвораат и пржат во врело масло.

За спремање на емпанади фил потребни ви се: телешко месо, томато паста, јаболков оцет, ким, чили, оригано, лук, зелена и црвена пиперка, кромид и магданос. Телешкото месо се ситни во блендер, а состојките се сецкаат ситно и се пржат.

Целиот начин на подготовка, погледнете го во видеото.

Back To Top