skip to Main Content

Маск го гледа Марс како единствен спас од нова светска војна

Маск го гледа Марс како единствен спас од нова светска војна
  • 01.04.2018

Доколку избие нова светска војна, бегството на Марс ни е единствениот спас. На Марс е сурово. Ќе биде тешко и опасно, голема е веројатноста дека таму ќе умрете, но најсилните ќе преживеат. Поради тоа нема многу луѓе кои би сакале да отидат таму меѓу првите, посочи Елон Маск, основачот на Спејс Икс и Тесла.

– Луѓето мора да ја колонизираат Марс со цел нашиот вид да опстане во случај на Трета светска војна, предупреди Маск.

Тој смета дека е важно да се изгради самоодржлива база на Марс што ќе биде доволно далеку од Земјата.

– Сакаме да ја зачуваме нашата цивилизација ако дојде до катастрофа на нашата планета, наведе Маск.

Back To Top