Малолетнички од Охрид на „Инстаграм“ објавиле фотографии со недолични содржини од три сограѓанки

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до четиринаесет години, сите од Охрид.
Тие, во текот на јули оваа година, од социјалната мрежа „Инстаграм“, неовластено презеле фотографии од три малолетнички од Охрид, ги обработиле и со недолични содржини ги објавиле на „Инстаграм“.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.