skip to Main Content

Лесни и вкусни рецепти за појадок

Лесни и вкусни рецепти за појадок
  • 16.04.2018

 

Овесната каша е одлична за првиот оброк во денот бидејќи го заситува организмот, а истата се подготвува за 5 минути. Затоа во продолжение ви нудиме 4 идеи поради кои никогаш нема да го прескокнете најважниот оброк во денот.

 

Овесна каша со чоколадо и путер од кикирики

Кашата со чоколадо комбинирана со чиа семе и путер од кикирики е вистинско слатко задоволство за почетокот на неделата. Покрај овесната каша која се наоѓа на листата на најздрави намирници, путерот од кикирики со здравите маснотии ќе ве припреми за успешен почеток на неделата.

 

Овесна каша со малини, фстаци и грчки јогурт

Малините сами по себе се идеални за губење на вишокот килограми околу струкот и колковите, а овесната каша со малини и чиа семе ќе ве држи сити подолго време, со што ќе го намалите внесот на калории во текот на денот. Грчкиот јогурт е полн со протеини, а фстаците се одлични сојузници во забрзување на метаболизмот.

 

Овесна каша со брусница и урда

Овесната каша со чиа семе и еден од најздравите плодови – брусница, предлагаме да ја комбинирате со урда кое има ниска калориска вредност и јаворов сируп, еден од најздравите природни засладувачи кој ќе му даде посебен вкус на појадокот.

 

Овесна каша со ванила, манго и кокос

Овесната каша со чиа семе и ванила нуди вкус на кој нема да можете да одолеете. Надополнете ја аромата со додаток како манго или ананас и кокос. Мангото исечкајте го на парчиња и ставете го во кашата, а одозгора посипете со кокос и уживајте во тропскиот вкус за одличен почеток на викендот.

Back To Top