skip to Main Content

Кучињата ќе можат да ги придужуваат беспомошните и во автобусите на ЈСП

Кучињата ќе можат да ги придужуваат беспомошните и во автобусите на ЈСП
  • 16.05.2019

Александар Велески, кој боледува од церебрална парализа го оствари својот сон. Во иднина ке може да влегува во возила од јавен карактер со своето куче-придружник. Оваа идеја која веќе е имплементирана во други држави,ќе се спроведува и во нашата држава, откако беше донесен закон  со кој на милениците-придружници им се доволува влез во автобусите на ЈСП и во возовите.

Александар не можеше да ја скрие својата среќа и возбуда кога разбра дека заедно со кучето Бен, ќе можат мирно да се шетаат  низ градот и да одат онаму каде што порано не им било дозволено. Денес прв пат се возеше на жичарницата на Водно, каде верно го следеше и неговото куче.

Кучето Бен во ниту еден момент не се одвои од него и  беше негова верна сенка и заштитник. Александар вели дека Бен и емоционално му помага.

Откако се прошетавме со Александар и Бен по жичарата на Водно, тој ни го раскажа своето ново искуство.

Најверојатно, Бен ќе биде пример и за покренување на јавната свест за важноста и улогата што можат да ја имаат нашите  четириножни  пријатели. Кучињата можат да бидат од голема корист  и за луѓео што страдаат од епилепсија, анксиозност или кој друг хендикеп.

Back To Top