skip to Main Content

Кое овошје има најмалку, а кое најмногу калории?

Кое овошје има најмалку, а кое најмногу калории?
  • 17.04.2018

 

Ваш е изборот кои од овие овошки познати по најмалата калориска вредност ќе ги замените со оброците, во која количина и колку често ќе ги конзумирате и како ќе ја организирате вашата овошна диета.

Лимонот, црвената рибизла, лубеницата се овошки со убедливо најниска калориска вредност и содржат 21 калорија во 100 грама.   Само неколку калории повеќе од нив (28 калории) содржат црната рибизла, дињата, капините и малината.

По нив се боровницата, праската, јаболкото, јагодите, мандарините, портокалите и свежата папаја со само 32 до 36 калории во 100 грама.

Нискокалорични овошки се и вишните, црешите, сливите, мушмулите, смоквите, крушите (40-50 калории), потоа, свежиот ананас, грозјето, јаболко со кафена лажичка мед, кајсии, свежо манго кои содржат од 50- 60 калории.

Компотот се смета за некалорична храна и тоа доколку е од кајсии, крушки, јагоди, сливи или праски, содржи меѓу 70 и 80 калории. Нешто повеќе калории имаат конзервираниот ананас и бананата (околу 85 калории).

dieta 5

Избегнувајте го сувиот ананас при диетите, тој содржи 260 калории во 100 грама. На листата на овошки кои нема да придонесат за слабеење се и авокадото (160 калории), сувата банана (287), сушената брусница (308), сувите кајсии (300), кокосот (354) и сувите урми (284 калории).

При овошната диета како додаток често се препорачуваат и здравите грицки кои внесуваат енергија, но со кои сепак треба многу да се внимава. Ф`стаците имаат 568 калории во 100 грама, лешниците – 650, кикириките – 570, бразилскиот орев – 656 и бадемите – 650 калории.

Back To Top