skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Приведен Стевчо Јакимовски
Како градоначалник Јакимовски легализирал објекти на државата и ги продавал по пет евра квадрат!
Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот
Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет
Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен
Славчо Попоски: Следува краткотрајна нестабилност, дожд, грмежи и засилување на ветерот
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Кинолози: Дел од предложените законски решенија се штетни за домашните миленици

Кинолози: Дел од предложените законски решенија се штетни за домашните миленици
  • 10.01.2019

Координативното тело на кинолошки одгледувачи бара да биде активен учесник во менување и дополнување на Законот за заштита на благосостојба на животните по неколку точки во измената на законот, за кои сметаат дека воопшто не се остварливи.

– Можностите и условите во кои живееме не се соодветни и исти како во другите Европски земји. А истите сопственици на кучиња се занимаваат со кинологија и самите кучиња се изложбени примероци. Потребно е да знаете дека ојаловени и кастрирани расни кучиња не е дозволено да се пријавуваат на кинолошки манифестации, велат од Координативното тело на кинолошки одгледувачи, посочија од Координативното тело на кинолошки одгледувачи на денешната прес-конференција на тема Предлог закон за благосостојба на домашни миленици.

Оттаму посочуваат дека има возрасни кучиња, хронично болни, на кои животозагрозувачки би претставувала било каков вид на хируршка интревенција. Истото, велат важи и за уличните кучиња.

– Не е размислувано дека секое куче има различен раст и развој, а со самото тоа и репродуктивен развиток, како и психички развој. Ниту едно куче/маче кое е стерилзирано и кастрирано не е забележано во ниедна база на податоци, ниту во здравствена книшка, ниту во ветеринарните амбуланти. Како се размислува да се спроведе законот односно проверката кај веќе истретираните животни? Знаеме дека кај мажјак е видливо, но кај женка не е, велат од Координативното тело на кинолошки одгледувачи.

Апелираат до надлежните институции да извршат проверка на цела територија од државата во врска со спроведувањето на законската обврска за чипирање на милениците и нивно внесување во база на податоци како би се имало увид дали ваквата законска обврска дала резултат, бидејки, како што велат, со имплементацијата на истата во случај на проблем многу лесно ќе се детектира причинителот на истиот.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top