skip to Main Content

Кежаровски: Објавата на видеото ја наруши нашата приватност

Кежаровски: Објавата на видеото ја наруши нашата приватност
  • 30.09.2019

Новинарот Томислав Кежаровски на својот фејсбук-профил објави статус во кој пишува дека местото од видео снимката која беше објавена деновиве е на 15 метри од неговиот дом и секако од таму морал да помине.

„Од таму морам да поминам. И кога одам по леб и млеко, и кога одам по одделни обврски, ама и кога заминуваме на службено патување или на одмор…Така да „камерата“ го бележи секое наше отсуство од дома“, посочува Кежаровски.

Новинарот додава дека објавата на снимките ја нарушува нивната приватност и бара дел од порталите и телевизиите кои ја објавиле веста да се извинат или во спротивно ќе добијат тужба.

„Нема лабаво!!! А, да… Прекршена е и постапката за давање на снимката, ама за тоа потоа…Работите ќе си одат по ред“ потенцира тој.

Back To Top