skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Канадскиот премиер се допишува со македонски ученици за климатските промени

Канадскиот премиер се допишува со македонски ученици за климатските промени
  • 08.02.2019

Канадскиот премиер Џастин Трудо им пиша писмо на група македонски основци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје. Учениците имале дилеми околу едно од најголемите пронаоѓалишта на нафта во светот во провинцијата Алберта кое е меѓу најголемите светски извори на нафтени шкрилци.

Спроведувајќи го своето истражување, за и против експлоатацијата на овие нафтени резерви, тие одлучиле да му испратат писмо и на канадскиот премиер, наведува во соопштение училиштето „Нова“.

– Како професор и премиер на Канада сакам да го слушнам гласот на младината од целиот свет. Го почитувам вашиот став на темата и како и вас така и нашата влада разбира дека заштитата на околината и економскиот раст одат заедно. Поради тоа, најавивме иницијативи како што е данокот за јаглероден диоксид со зацртани насоки што  ќе ни помогне да ги достигнеме нашите цели за емисија на зелени гасови. Дополнително, дел сме од повелбата Г7 со која се внимава да се задржи пластиката во економијата и надвор од водите. Младината како вас не само што е лидер на иднината туку и е лидер и на денешнината. Се надевам дека ќе продолжите да работите напорно во училиште и да ги инспирирате другите да креираат промени, се вели во писмото на премиерот Џастин Трудо.

Професорот Роберт ван дер Ајкер кој го води одделението во „Нова“ вели дека учениците му поставиле директни пршања околу заштитата на животната средина на која канадскиот премиер одговорил притоа напоменувајќи дека и тој има работено како учител.

– Во „Нова“ го мотивираме критичкото размислување и поставувањето прашања. Навистина беше чест и задоволство што премиерот Трудо ни даде објаснување на тоа која е стратегијата и планот на Канада да го намали негативното влијание од нафтата и катранскиот песок, велат од меѓународното училиште „Нова“.

Back To Top