skip to Main Content

Како правилно да ги комбинирате намирниците, според нутриционистите

Како правилно да ги комбинирате намирниците, според нутриционистите
  • 03.04.2018

Постојат јасни правила кои намирниците можат да се комбинираат, а кои треба да се избегнуваат. Доволно е само да се придржувате на планот за исхрана, кој е поддржан од нутриционистите.

Што никогаш не треба да се консумира во комбинација?

1.Јагленхидрати и киселини

Намирниците богати со јагленхидрати и намирници кои содржат големи количини на киселини не треба да ги јадете во ист оброк. Избегнувајте во еден ист оброк да јадете компир, или леб во комбинација со домат, лимон или кисели краставички. Позадината на оваа препорака лежи во фактот дека ензимот птиалин, кој почнува да ги разградува јагленхидратите уште во устата, ги убива дури и најмалите концентрации на киселини. Варењето е доста отежнато и може да чувствувате желудечни тегоби. Доматот не би требало да го комбинирате со намирници богати со скроб бидејќи големата концентрација на киселина присутна во доматот, која дури и се зголемува со готвењето, го отежнува процесот на разградување на скробот.

2.Протеини и јагленхидрати

Протеините и јагленхидратите не би требало да ги јадете заедно. Тоа значи јаткастите плодови, месото, јајцата, сирењето и другите намирници богати со протеини не би требало да ги јадете со белиот леб, житарките, компирот, слаткото овошје. Што значи, компирот во комбинација со месо е погрешен избор. Јагленхидратите го кочат излачувањето на сокови неопходни за варењето. Намирниците предолго остануваат во организмот, предизвикуваат производство на токсини и гасови.

3.Протеини и кисело овошје

Месото, јајцата, млекото, сирењето не треба да го јадете во истиот оброк со портокалите,домати,лимонот и ананасот.Киселото овошје сериозно го нарушува варењето на протеините.

 

Кои комбинации се пожелни?

1.Месо

Црвеното,белото месо како и рибата одлично одат во комбинација со зеленчук, било да се работи за зготвен зеленчук или пак станува збор за салата.

2.Компир и тестенини

Компирот и тестенините исто така препорачливо е са се комбинираат со различни видови на зленчук. Значи, на располагање ви стојат најразлични видови на паста.

3.Овошје

Нутриционистите советуваат дека секој ден треба да изедете барем по три вид овошки. Но, со овошјето не треба да се претерува. Порција од 300 грама овошје дневно е сосем доволно, бидејќи овошје во количина поголема од оваа предизвикува проблеми со варењето

Back To Top