skip to Main Content

Како да го подобрите имунитетот на вашите најмили во сезоната на грипови и вирози

Како да го подобрите имунитетот на вашите најмили во сезоната на грипови и вирози
  • 04.04.2018

Најдобра одбрана од разни сезонски грипови и вирози кои многу често ги напагаат децата е превенцијата.

Нутриционистите и здравствените експерти ширум светот сметаат дека имунолошкото јакнење е процес кој започнува со здрав дигестивен тракт. Што значи дека од исклучителна важност е исхраната, но за жал не и единствената причина за слабеење на имунитетот на децата. Други причини се првенствено слаб сон и слаба физичка активност.

Редовен појадок.Во процесот на зајакнување на имунитетот, многу е важно да се јаде редовно. Со други зборови, денот мора да се започне со појадок. Во овој оброк совршено се вклопува јогуртот,храна богата со пробиотици кои го прочистуваат  дигестивниот систем од микроби кои предизвикуваат болести. Некои студии покажаа дека секојдневниот внес на пробиотици го намалува траењето на настинките.

Секојдневна консумација на мед. Медот е храна која вреди злато. Овој природен антибиотик со антисептички својства содржи многу витамини и минерали одлични во борбата против инфекциите и во зајакнувањето на имунитетот. Ц, Д, Е витамини, Б-комплекс, прополис се само некои од нив. Погрижете се медот да биде најдобар пријател на вашите најмили.

Топли чаеви и природни сокови. При јакнењето на имунитетот помагаат и чаевите. Изберете го типот што го сакаат, но вклучете и мала количина на зелен чај. Тој изобилува со антиоксиданти и витамини, што помага во зајакнување на имунитетот. Добро е да додадете лимон или мед, но направете го тоа откако ке се излади. Имено, лимонот и медот ги губат своите својства, ако ги ставите во топол чај. Природните сокови, исто така, ќе помогнат во зајакнувањето на имунитетот.

Внес на високо-протеинска храна. Истражувањата покажаа дека имунолошкиот систем може да биде ослабен со 25% намалување на внесот на протеини. За да го избегне ова, исхраната мора да биде збогатена со високо-протеинска храна, како јајца, риби, морски плодови. Рибата, исто така, го обезбедува на телото со основните есенцијални масни киселини омега-3. Недостатокот на овие киселини во телото е поврзан со хронични воспалителни и разни автоимуни болести. Други добри извори на омега-3 киселини се ореви, зелен лиснат зеленчук и ленено сем

Back To Top