skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Изминатото деноноќие во Скопје санкционирани 41 возач за брзо возење

Изминатото деноноќие во Скопје санкционирани 41 возач за брзо возење
  • 12.03.2019

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 41 возач за брзо возење, шест биле под дејство на алкохол, 28 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои во седум со лесни телесни повреди се здобиле девет лица и во две е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 132 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 87 возила.

Од сообраќај се исклучени и 20 нерегистрирани возила, четири технички неисправни и едно возило за претовар. На црвено светло поминал еден возач, четири возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин,  шест возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи не користеле заштитен шлем, шест за не носење сигурносен појас и 17 користеле мобилен телефон.

Снкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Гоце Делчев“ на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Back To Top