skip to Main Content

Изгоре семејна куќа во тетовски Челопек

Изгоре семејна куќа во тетовски Челопек
  • 17.07.2019

Нема повредени во пожарот во кој изгоре семејна куќа во тетовското село Челопек, општина Брвеница. Куќата од педесетина квадрати на еден кат започнала да гори околу 11 часот и 20 минути, по што биле повикани тетовските пожарникари.

-Два часа ни требаше за да се локализира и целосно да биде изгаснат пожарот. Спречено е огнот да се прошири на другите блиски објекти и куќи. Семејството навремено се евакуирало и нема повредени, но има огромна материјална штета, изјави командирот на територијалната противпожарната единица Ука Алити.

Тетовската противпожарна единица интервенирала со три возила и седум пожарникари.

Back To Top