skip to Main Content

Избрани добитниците на наградата „13 ноември“ за 2018 година

Избрани добитниците на наградата „13 ноември“ за 2018 година
  • 31.10.2018

Избрани се добитниците на Наградата „13 Ноември“ за 2018 година, која се доделува на физички и правни лица за остварувања во науката, уметноста, културата, образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и стопанството.

Од областа на образованието и воспитанието

АЏИ ФИДА, професор во пензија, за долгогодишна успешна дејност во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на спортот

 АНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ, пливач, за остварување врвни резултати во пливачкиот спорт во категоријата за лица со посебни потреби.

Од областа на културата:

 1. МАРКО КОЛОВСКИ, музиколог, за значајни долгогодишни остварувања во областа на музичкото творештво.

2. РЕСУЛ ШАБАНИ, писател и книжевен преведувач, за превод на Антологиите „Поети академици“ и „Поети и раскажувачи академици“.

Од областа на уметноста:

 РАМАДАН ШУКРИ, академски музичар, за придонес во областа на уметноста, културата, образованието и воспитанието.

 Од областа на публицистиката

 СЕФЕР ТАХИРИ, новинар, за 20-годишен придонес во развојот на новинарството и публицистиката.

Од областа на архитектурата

 ДАНИЦА ПАВЛОВСКА –ЦИГИ, архитект, за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.

Правни лица:

 1. ЈЗУ ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД „13 НОЕМВРИ“ СКОПЈЕ, за долгогодишна успешна работа.

2. ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА НА ГРАД СКОПЈЕ, за успешна работа и голем придонес во заштитата и спасувањето на граѓаните од пожари, природни непогоди и други несреќи.

За ученици и студенти:

1. АРДА МУСТАФАОГЛУ, ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.

2. МИЛА КОЦЕВСКА, СОФИЈА СТОЈМЕНОВА, НЕНА ГИЕВСКА, МАРИЈА ГАВРИЛОВИЌ, ПЕТАР ТОДОРОВСКИ И ВЕДРАН ЛАУРЕНЧИЌ, ученици во ООУ „Кочо Рацин“- Скопје, за хуманост-укажување прва помош на лице во градски автобус.

Наградата може да се додели и на лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот, како и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје и Р. Македонија.

Back To Top