skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ИАТА: Во 2018 година повеќе смртни случаи во авиосообраќајот

ИАТА: Во 2018 година повеќе смртни случаи во авиосообраќајот
  • 22.02.2019

Во 2018 година 523 лица загинале во комерцијалниот авиосообраќај, а во 2017 година нивниот број изнесувал 19, со што 2017. е рекордна година на безбедни летови, соопшти синоќа Меѓународното здружение за воздушен превоз (ИАТА).

Минатата година забележан е мал пораст на авионските несреќи, од 1,11 несреќи на еден милион летови во 2017 на 1,35 минатата година.

– Минатогодишната стапка на несреќи е под 1,79 на еден милион летови што е забележана во последните пет години, се наведува во соопштението од ИАТА.

Најголемите авионски несреќи во 2018 година се уривањето на авион на „Лајон ер“ во Јаванско Море, при што загинаа 189 лица, потоа падот на авион на компанијата „Кубана де ависион“ во Куба, при што загинаа над сто луѓе, како и уривањето на авион на компанијата „Саратов“, при што загинаа 71 човек во близина на Москва.

Back To Top