skip to Main Content

Зошто Холандија е најразвиената земја во светот

Зошто Холандија е најразвиената земја во светот
  • 16.04.2018

Холандија отсекогаш била позната по своите амбициозни проекти кои гарантираат подобар живот на граѓаните како и многубројните планови и потфати на владата насочени кон почиста животна околина околина. Еве 7 интересни факти кои докажуваат дека сите земји во светот треба да го следат примерот на Холандија со цел да се заштити нашата планета.

 

1.ХОЛАНДИЈА Е ЕДИНСТВЕНАТА ЗЕМЈА КАДЕ НЕМА НАПУШТЕНИ ЖИВОТНИ 

Неодамна беше официјално потврдено дека на улиците на Холандија нема ниту едно напуштено куче или маче. Владата успеала да го направи ова без да повреди ниту едно животно. Тие донеле строги закони против злоупотребата на животни со цел да ги заштитат.

2.ХОЛАНДИЈА ЈА ИМА ПРВАТА СОЛАРНА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА

Проектот наречен SolarRoad е резултат на соработката помеѓу владата, приватиот сектор и академијата. Првиот дел од оваа патека беше пуштен во употреба во 2015 година. Целата патека е долга само стотина метри, но е навистина голем пронајдок во архитектурата и понатамошното градење патишта. Главната идеја на овој проект е да се искористи соларната енергија за светилките на патот како и за полнење на електричните возила.

3.ЕЛЕКТРИЧНИ ПОЛНАЧИ ЗА ВОЗИЛА ИМА НА СЕКОИ 50 МЕТРИ

Една од најсилните страни на Холандија е нивниот одржлив транспортен систем. Затоа при обидот бензинот и дизелот да се исфрлат целосно од употреба, а со тоа и сите вакви возила, се поставени електрични полначи на само 50 метри еден од друг за граѓаните кои возат електрични автомобили.

4.ВО ХОЛАНДИЈА ПОСТОИ ГРАД ВО КОЈ ЦЕЛОСНО СЕ ЗАБРАНЕТИ ВОЗИЛА

Холандскиот град Хоутен се смета за најбезбедно место на планетата Земја затоа што во него се целосно забранети какви било моторни возила. Во почетокот на 1980те, 4.000 жители на овој град решиле да ги охрабрат своите сограѓани да почнат да користат велосипеди наместо автомобили. И, чекор по чекор сите жители се навикнале на велоспиедите.

5.ВЛАСТИТЕ ЌЕ ЈА ЗАБРАНАТ ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ КОИ ВОЗАТ НА БЕНЗИН И ДИЗЕЛ

Се очекува дека до 2025 година во Холандија ќе биде забранета продажбата на сите автомобили кои возат на бензин или дизел. Покрај тоа, сопствениците на електричните автомобили не мора да плаќаат данок за приватно мотоно возило (да, постои и тоа!). Како резултат на ова автомобилите кои се погодни за околината и возат на електрична енергија се 15.000 евра поевтини.

6.ВО ХОЛАНДИЈА СЕ ЗАТВАРААТ ЗАТВОРИТЕ ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА КРИМИНАЛЦИ

Пред многу време холандската влада почна да презема ригорозни мерки за намалување на криминалот во земјата и по се изгледа успеала во тоа. Поради недостаток на криминалци и затвореници од 2009 година па до денес во Холандија се затвориле дури 19 затвори.

7.ВО ХОЛАНДИЈА ПОСТОЈАТ МОСТОВИ ЗА ЖИВОТНИ НАРЕЧЕНИ ЕКОДУКТИ

Уште една главна цел на холандската влада е заштитата на диви животни. Па, затоа се изградени неколку мостови над најфрекфентните автопати за дивите животни кои се наречени екодукти. Тие се обраснати со трева и дрвја за животните слободно да можат да преминуваат од една шума во друга.

Back To Top