skip to Main Content

Зошто ни е потребен собен велосипед

Зошто ни е потребен собен велосипед
  • 17.04.2018

Многумина веруваат дека најголемите и најкорисните откритија на човештвото, по пронаоѓањето на тркалото, се автомобилот, компјутерот, мобилниот телефон… Но ние, сепак, навиваме за велосипедот – генијалниот изум на човечки погон, брз, евтин и пред сè еколошки. И најдобро од сè е што може да се користи дома, како собен велосипед.

Без разлика дали вежбате во фитнес-клуб или дома, собниот велосипед е неизбежен во текот на загревањето или аеробниот тренинг. Идеална фитнес-направа за почетници, но и за напредни спортисти, бидејќи на него може да се направат едноставни, но и комплексни тренинзи. Со собниот велосипед се јакне мускулатурата, се трошат калории и се подобрува кардиоваскуларниот систем.

1.Собниот велосипед е совршен за брзи и едноставни вежби. Тивок е, долготраен, компактен и удобен. Поседува монитор што е едноставен за читање и ги покажува времето, брзината, потрошените калории и растојанието. Има приспособливи педали, 5 нивоа на отпор, атрактивен изглед и компјутерски дизајн.

2.Редовното користење на собниот велосипед има голем број позитивни ефекти врз психолошкото и физичкото здравје. Помага да се одржи телесната тежина, го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од развој на хронични болести. Лекарите препорачуваат 30 минути дневно умерена активност за задоволување на основните потреби за движење.

3.Собниот велосипед е една од најпродаваните фитнес-направи за домашна употреба. Многумина се одлучуваат за него поради прифатливата цена, релативно малите димензии, функционалноста и фантастичните резултати.

Back To Top