skip to Main Content

Зошто не треба да пиете кафе на празен стомак

Зошто не треба да пиете кафе на празен стомак
  • 06.04.2018

Прво што правите рано наутро е консумирање на шолја кафе на празен стомак? Не сте единствени, бидејќи многумина ја имаат таа нездрава навика. Сите знаеме дека кафето на празен стомак штети на здравјето, но што точно таа навика предизвикува?

1.Се зголемува количеството на желудечна киселина. Зголемената количина на желудечна киселина предизвикува киселини и проблеми со дегенерација на желудникот што може да се чувствуваат во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со текот на времето може да доведе до сериозни проблеми во областа на абдоменот, како што се чир на желуд, синдром на иритабилни црева и рефлукс. Помалку квалитетното кафе, обично има поголема киселост, што дополнително може да ја зголеми штетата.

2. Се зголемува чувството на стрес и вознемиреност. Пиењето на преголеми количества кафе може да го зголеми чувството на нервоза и стрес, а кога кафе се пие на празен стомак, проблемот се влошува. Од друга страна, правилната исхраната наутро, делува смирувачки на нашиот организам. За да го намалите негативниот ефект секогаш прво појадувајте, а потоа уживајте во кафето.

3. Се предизвикува хормонски дисбаланс. Главната причина поради која кафето го зголемува чувството на стрес и тешкотии е хормонската нерамнотежа која ја причинува кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да го наруши производството на серотонин,невротрансмитерот одговорен за чувство на задоволство, среќа и благосостојба. Истражувањата покажаа дека кога ќе престанеме да пиеме кафе на празен желудник, ќе бидеме порасположени и ќе чувствуваме подобро.

Back To Top