skip to Main Content

Земјоделците го одблокираа патот Радовиш-Струмица

Земјоделците го одблокираа патот Радовиш-Струмица
  • 18.08.2018

Сообраќајот на патниот правец Радовиш – Струмица кај селото Воиславци е нормализиран откако претходно беше блокиран од незадоволни земјоделци.

Дваесетина производители на сливи изнесоа земјоделска механизација на патот неполн час и половина протестираа незадоволни од откупот на сливи.

Автомотосојузот на Македонија информира дека на патот излегле околу 20 земјоделци со земјоделски машини.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози.

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање од македонска страна е од 15 до 30 минути.

Back To Top