skip to Main Content

Здружението „Зелена лупа“ почнува со применување на Законот за пробација

Здружението „Зелена лупа“ почнува со применување на Законот за пробација
  • 22.07.2019

Со селектирање на првите 10 кандидати од осудените лица во Затворот во Струмица почна практичното применување на Законот за пробација преку проект на Здружението за истражување, анализа и развој „Зелена Лупа“.

– Избраните лица ќе учествуваат во тримесечната обука за стекнување на занает – изработка на елементи од бетон-бекатон плочки, павер елементи, рабници за коловози и останати елементи од бетон, информираат од Здружението.

Од „Зелена лупа“ додаваат дека се планирани три обуки од по 10 затвореници. По секоја обука тие ќе добијат сертификати за стекнати знаења и на крај со бизнис заедницата ќе им бидат обезбедени работни места.

– Во соработка со Судот и Обвинителството за одредени лица, за кои ќе се обезбедат сигурни работни места, ќе им се овозможи да им се замени затворската казна, која е при крај, со условен отпуст и при тоа осудениците мора да имаат издржано повеќе од половината казна. Условниот отпуст ќе го користат со заштитен надзор и во тој период треба да соработуваат со пробацискиот службеник до целосното издржување на казната, посочија од Здружението.

Реализацијата на практичната тримесечна обука ќе почне официјално до крајот на месецов.

Проектот „Заживување на законот за пробација на локално ниво преку ефективни пратнерства во општина Струмица“ на Здружението „Зелен лупа“ е финансиран од програмата Цивика мобитас.

Back To Top