skip to Main Content

Здрав чоколаден мус, готов за момент

Здрав чоколаден мус, готов за момент
  • 18.04.2018

Доколку сте во потрага по фин чоколаден десерт во кој можете секојдневно да уживате без размислување за килограмите, тогаш морате да го испробате чоколадниот мус кој ви го нудиме. Освен што е вкусен, овој мус е и здрав, бидејќи неговата главна состојка е авокадото, кое е полно со здрави маснотии и не содржи лоши калории.

Потребни состојки (за 2 поголеми или 3 помали порции):

• 2 помали авокада (околу 180 гр. исчистено авокадо)

• 50-60 гр. мед

• 20 гр. какао (без додатни шеќери)

• 1 лажичка кокосово масло

• за послужување: свежо овошје, кокосово брашно, семки, бадеми…

Пресечете го авокадото на половина, а потоа со помош на лажица исчистете го од кората. Ставете го во блендер заедно со останатите состојки и добро изблендирајте сè додека не добиете кремаста смеса како пудинг. Префрлете ја смесата во високи чаши и послужете со свежо овошје, овошен компот, сецкани бадеми или нешто по Ваша желба. Вака приготвениот мус можете да го чувате во фрижидер, но изедете го во рок од најмногу 48 часа.

Back To Top