skip to Main Content

Здрав оброк на денот: Овесна каша со јаболко, цимет и ореви

Здрав оброк на денот: Овесна каша со јаболко, цимет и ореви
  • 05.04.2018
Започнете го утрото здраво и така ќе бидете мотивирани да се храните здраво преку целиот ден. За појадок внесувајте храна која ќе ви даде енергија, храна богата со хранливи нутритиенти кои го будат и дигестивниот тракт, но и умот.
Најдобар избор ви е природниот исецкан/сомелен или пресуван овес,кој во комбинација со различни видови на овошје и апетисани е одличен рецепт за појадок.
Ако овесот ви е дел од утринското мени, а јаболка и цимет омилена комбинација пробајте го овој здрав оброк.

 

Состојки:

1/2 шолја овес

1/2 јаболка, 

1/2 шолја вода

1/2 бадемово или обично млеко

1 лажичка екстракт од ванила

2 лажички цимет 

2 лажички мед

1/4 шолја кршени ореви

Потопете го овесот со водата, млекото,циметот и ванилата и оставете го да одстое најмалку 1час (најпрактично е да го оставите да одстое преку ноќ). Излупете го и изрендајте го јаболкото и додадете го во овесната каша. Додадете ги оревите и украсете со 2 лажички мед.

 

Back To Top