skip to Main Content

Здрав оброк на денот: Киви и авокадо пудинг

Здрав оброк на денот: Киви и авокадо пудинг
  • 03.04.2018

Тука се секогаш оние денови од работната недела кога сте презафатени за да го планирате појадокот. За таа цел секогаш практикувајте да имате широка палета на овошни плодови во вашиот фрижидер.Со правилна комбинација на плодовите за само неколку минути ќе приготвите здрав,хранлив и вкусен оброк кој ќе ве исполни со енергија до ручекот.

Како здрав оброк за појадок,денеска ви го предлагаме киви и авокадо пудингот .

Потребни Состојки:

2 банани

1 сецкано авокадо

1 сецкано киви

1/2 чаша бадемово млеко

1 лажица чиа семе

Се блендираат сите состојки и се ставаат во сад. Се украсуваат со мешавина од ореви, семиња и овошје, така што добивате вкусен овошен пудинг и одлична рамнотежа на протеини и јаглени хидрати кој треба да ве задржи сити до средината на денот!

 

Back To Top