skip to Main Content

Здрав оброк на денот: Пилешка салата со авокадо дресинг

Здрав оброк на денот: Пилешка салата со авокадо дресинг
  • 04.04.2018

Свежа и здрава салата што е доволно обемна за да ви замене оброк. Јаготка на шлагот е авокадо дресингот, полн со хранливи материи и многу вкусен.

Потребни состојки:

Салата

1 сецкана марула

1/2 сецкан црвен кромид

1 шолја пченка од конзерва,

4/5 преполовени шери домати

Авокадо дресинг

1 зрело авокадо

1 /4 главица лук

1 /2 главица ситно сецкан црвен кромид

1/2 кафени лажици маслиново масло

1 лажица павлака

1/2 Црвена пиперка

Пилешко

250 – 300g пилешки гради

Состојките  за салатата, ставете ги во чинија и измешајте ги. Пилешките гради пригответе ги на скара или запржете ги со малку маслиново масло, па сецкајте ги на мали парченца и додаде ги во чинијата.

Состојките за авокадо дресингот изблендирајте ги додека не се изедначат. Користете млеко за да ја прилагодите конзистентноста и прилагодете ја солта по вкус.

Прелијте ја салатата со авокадо дресингот и уживајте во оброкот!

 

 

Back To Top