skip to Main Content

Збогувајте се со ОКТОМВРИСКОТО ЛЕТО- земјава влегува во жолта предупредувачка фаза, КАРМЕН се поблиску до Македонија

Збогувајте се со ОКТОМВРИСКОТО ЛЕТО- земјава влегува во жолта предупредувачка фаза, КАРМЕН се поблиску до Македонија
  • 02.10.2019

До крајот на денов ќе се задржи сончево и натпросечно топло време со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен а во останатите предели од југоисточен правец.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 што значи ќе бидат типично летни но не за долго. Во текот на утрешниот ден односно особено попладнето и вечерта како и во текот на ноќта кон петок циклонот КАРМЕН ќе донесе ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето кај нас.

Облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на редок град. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (околу 30 л.м2). Утре ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец кој доцна попладнето и вечерта на север и Долж Повардарието ќе го промени својот правец во северен со што ќе услови пад на температурите на воздухот најпрвин во овие предели.

Веќе во петок заладувањето ќе се прошири насекаде низ државава проследено со северен ветер а ќе има и локални врнежи од дожд. Утре максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени додека во петок ќе биде многу посвежо со максимални температури во интервалот од 13 до 22 во најтоплите предели од државава.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбнук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top