skip to Main Content

За Задушница посебен сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров

За Задушница посебен сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров
  • 01.11.2019

Поради верскиот празник Задушница утре во периодот од 6:00 до 16:00 часот ќе биде воведен променет сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров за што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Како што информира МВР, сообраќајот за гробиштата Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на улицата „Боца Иванова“ и излегување од улицата „Боца Иванова“ кон улицата „Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улиците „Јужноморавски бригади“ и „Роман Каскалиевиќ“.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Back To Top