skip to Main Content

Загина пешак на булевар „Србија“ во Скопје

Загина пешак на булевар „Србија“ во Скопје
  • 28.09.2019

Шеесет и едногодишен пешак од Скопје утринава починал откако бил удрен од товарно моторно возило MAN со приколка со скопски регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, денеска во 8.40 часот било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на железничкиот мост, возилото управувано од К.Р.(40) од Велес, удрило во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

извор:локално.мк

Back To Top