skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Забележани мистериозни радио сигнали од длабоката вселена

Забележани мистериозни радио сигнали од длабоката вселена
  • 10.01.2019

Астрономи во Канада откриле мистериозни радио сигнали, испратени од длабоката вселена. Сигналите биле забележани од телескоп во опсерваторија во Бритиш Колумбија.

Оттаму велат дека станува збор за сигнал кој се повторувал и  доаѓаал од ист извор оддалечен 1,5 милијарди светлосни години. Оваа серија сигнали беше забележана од опсерваторијата CHIME. Таа е опремена со четири полуцилиндрични антени, секоја од нив висока 100 метри, кои го скенираат целото северно небо секој ден.

Телескопот е во употреба само една година, и за тоа време успеа да ги регистрира овие 13 радио сигнали.

Ваков настан беше забележан само еднаш претходно, и тоа од различен телескоп.

Back To Top