skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Еутаназирано куче во Штип по новинарски прилог дека имало крлежи

Еутаназирано куче во Штип по новинарски прилог дека имало крлежи
  • 12.07.2019

Куче кое едвај се движеше, а за кое штипска телевизија направи прилог дека држело семејство во градот во „заложништво“ затоа што имало крлежи, беше еутаназирано од надлежните општински органи. Локалните жители ја викаа Бренда, дел од нив и оставаа храна, но и покрај тоа што на видео записот на телевизијата многу јасно се гледа дека животното е мирно, потресената станарка го посочува како огормен проблем со кој не знаела како да се справи.

Овој случај предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а од невладината организација „Анима мунди“ најавија дека ќе бараат кривична одговорност. Тие го поставуваат прашањето зошто кучето било убиено, наместо да му се дадат ампули.

-Ова ли е хуманиот третман на животните кој го вети Влада на Република Северна Македонија, сите градоначалници; со кој добивте огромна поддршка од љубителите на животни на избори? Ниту забрана за еутаназија, ниту полиција за животни, ниту активисти да управуваат со стационари. Општина Штип Македонија, градоначалник Бочварски Благој, инспектори и ветеринарна станица – Штип на чело со Крсто Митев, по оваа монструозност ќе ве паметиме и кривично ќе одговарате за убивањето и на ова куче, велат од Анима Мунди.

Преку фејсбук се огласи и лице што тврди дека е вработено во ветеринарната станица во Штип. Во име на установата порача дека сите животни кои претставуваат закана за граѓаните ќе бидат отстранети.

Не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи дека основните цели на медиумите се покревање на свеста, а дека прилогот на штипската телевизија доведе до убивање на животно. Сличен случај на вакво справување со проблемот со кучињата скитници од страна на општината беа грозоморните сцени во Пехчево, кога на социјалните мрежи се појавија видео снимки од кучиња што комуналната служба ги закопува живи. Во јавноста случајот со Бренда се споредува и со кучето Идриз кое беше убиено со секира бидејќи им пречело на станарите од зградата пред која спиело.

Тиана Станковиќ

Back To Top