skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Есенска акција за раззеленување на Скопје

Есенска акција за раззеленување на Скопје
  • 19.11.2018

Вкупно 3.500 листопадни садници ќе бидат засадени во сите скопски општини во рамки на големата есенска акција за раззеленување на главниот град, што денеска ја почна Град Скопје.

Оваа есен приоритет е обновување на сите постојни дрвореди во градот и подигнување нови во Ѓорче Петров и на Бит-пазар.

– Во Скопје по должината  на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки (остаток од пресечено или паднато дрво) во постојните дрвореди кои ќе бидат отстранети и  на нивно место ќе се засадат нови здрави садници. Најголем број од пенушките што ќе бидат заменети се на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде ќе бидат заменети вкупно 49, соопшти Град Скопје.

Оваа акција, според градските власти, ќе влијае на подобрување на животната средина и ќе придонесе за зачувување на здравјето на граѓаните.

– Град Скопје посветено работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина со цел да се надомести изгубеното зеленило, да се зголемат парковите и дрворедите и да ги заштити сите јавни зелени површини во сите општини во градот, се вели во соопштението.

Оваа есенска акција Град Скопје ќе ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа ќе учествуваат со свои работници, механизација и садници.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top