skip to Main Content

ЕВН ја поддржува кампањата за заштита од пожари

ЕВН ја поддржува кампањата за заштита од пожари
  • 15.07.2019

ЕВН ја поддржува Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во реализацијата на кампањата за заштита од пожари, што ќе се одвива од 15 јули до 15 август годинава на целата територија на земјава преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори на заштита во случај на шумски пожари.

Целта е заедничка, велат од компанијата, заштита на населението, шумите и природните ресурси во летниот период кога опасностите од појава на пожарии се најголеми.

– Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување на едукативните постери на централни локации во Градот Скопје и на фреквентни места, на наплатните станици, на влез на националните паркови и на граничните премини, на  излетничките места и близу шумите. Во акцијата ќе бидат вклучени сите 35 подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување во сите градови во Републиката, посочува ЕВН.

Целта на оваа кампања, додава компанијата, не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, бидејќи влегуваме во таканаречен „критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор“.

Back To Top