skip to Main Content

Дрисла ќе добие концесионер по изборите

Дрисла ќе добие концесионер по изборите
  • 13.03.2019

Седницата за изборот на приватен партнер за вршење концесиска дејност и вложување во Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ беше прекината од Советот на Град Скопје.  Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов како причина го наведе одржувањето на претседателските избори, нагласувајќи дека одлуката ќе биде донесена после изборите.

Шилегов предложи одлуката да се одложи бидејќи е изборна кампања и не сака да има никаква дамка во изборот на „Шолц“ за нов концесионер.

-Недвосмислена е одлуката дека Градот треба да го има ’Шолц‘ за концесионер на депонијата. Се појавија дилеми дали може да се донесе одлука за доделување на концесија за време на изборна кампања. За да избегнеме било какви контроверзи и да нема било каква дамка на овој Совет и ова раководство на Град Скопје, барам седницата да се прекине и да се стави на дневен ред веднаш штом Државната изборна комисија каже дека изборите се завршени, рече Шилегов.

Додека биде направен изборот на нов концесионер, со депонијата ќе управува Град Скопје, а не италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.

 

Back To Top