skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Доследност, клуч за успех при губење на тежината!

Доследност, клуч за успех при губење на тежината!
  • 19.04.2018

Многу луѓе често се жалат дека програмите за диети или вежбање кои ги применуваат не покажуваат резултати. Единствениот сигурен начин да се игубат килограмите е континуирано вежбање. Ако не сте доволно упорни и не држите континуитет, се разбира дека нема да бидете задоволни со резултатите.

Дури и најдобрите програми за вежбање нема да биде успешна ако не покажувате доволно желба да не го прекинувате започнатиот ритуал.

Жените често имаат предрасуди дека вежбањето ќе им ги зголеми мускулите. Не грижете се девојки, тоа не е така лесно.

Мали и редовни оброци

 

Рамномерно распоредени оброци во текот на денот се многу важни за нормалното функционирање на вашето тело.

Голема пауза помеѓу оброците може лошо да влијае на нивото на шеќер во крвта.

Ако јадете мали, но чести оброци, ќе го избегнете проблемот на низок шеќер во крвта, а со тоа и заморот.

Мали и редовни оброци се полесно сварливи и ја одржуваат енергијата во текот на денот.

Со оглед на фактот дека 2.000 калории се препорачаната дневна доза, најдобро ќе биде секој оброк да содржи од 200 до 300 калории.

Па вашето тело постојано ќе биде снабдено со енергија и никогаш преоптоварено.

Овој режим на исхрана ќе го одржи вашето тело здраво а во исто време постепено ќе ги губите несаканите килограми.

Континуирано вежбање

 

Често, поради недостаток на време во текот на неделата, вежбаме само за време на викендот, што е доста опасно.

Со ваквото нередовно вежбање многу се веројатни мускулите повреди, бидејќи агресивните активности по одредена пауза, стрес се за мускулите.

На овој начин, не ќе овозможите горење калории. Неопходно е да се иницираат и одредени хормонални реакции во телото, кои помагаат во губење на тежината.

Затоа, важно е да се задржи континуитетот на вежбањето. Неколку минути наутро и навечер секој ден можете себе си да си го дозволиме тоа, за да дојдете до целта.

Опуштање по вежбањето

По вежбање, многу е важно да си дозволите одмор на вашето тело, особено на уморните мускули.

Секојдневно истегнување, квалитетен сон и доколку е потребно, топла бања или масажа, ќе направи чуда во ослободување на болките во мускулите после вежбање.

Доследност – клучот за успехот

Запомнете, доследноста е клучот за успехот. Фокусирајтесе на промена на вашиот начин на живот. Не мислете на диета како привремен режим со кој што сакате да ја постигнете вашата посакувана тежина. И што ќе правите кога ќе го постигнете очекуваното?

Не можете да се вратите на стариот начин на живот кој вклучува нередовна исхрана и нередовни вежби. За здраво и витко тело се потребни упорност и континуитет. Променете ги вашите навики и останете доследни во својата одлука.

Back To Top