skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Комисијата воздржана за имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Донирајте за Цаци – да и помогнеме да ја добие битката со туморот на мозок

Донирајте за Цаци – да и помогнеме да ја добие битката со туморот на мозок
  • 15.11.2018

Минатата есен, Цаци доби неочекувани симптоми на вкочанетост во десната страна на телото: прво десната нога, потоа и рака. Бидејќи е премногу активна 28 годишна девојка помисли дека е само секојдневно предупредување дека нејзиното тело е изморено и  треба одмор.

За жал, симптомите беа сигнал на посериозна состојба. По епилептичен напад, на Цаци и беше дијагностициран Глиобластома – малигнен тумор во моторниот кортекс, на левата страна на главата. Потребна беше итна хируршка интервенција (во приватната болница ‘’Систина’’), по која следуваше радиотерапија и 9 циклуси хемотерапија. Првенствено, резултатите ветуваа позитивен исход. Но, на последните резултати од магнетната се покажа дека туморот се вратил и брзо прогресира, пораст од четири пати за еден месец. Поради новонастанатата состојба мораше итно да се оперира, по втор пат.

Бидејќи ова е еден од поагресивните верзии на канцер, потребна е терапија во специјализирана болница во САД,  The University of Texas MD Anderson Cancer Center. Во моментов сè уште се чекаат резултати од ткивото, а докторите не можат со сигурност да кажат каков вид на терапија ќе биде потребна. Но едно е сигурно, дека медицинските трошоци за било каков третман во болницата во Хјустон, САД се очекуваат да стигнат до 2000.000 УСД.

Па затоа би ве замолиле кој колку може да донира за да се спаси еден млад живот, кој допрва треба да ужива во својата младост. Постојат повеќе начини за да придонесете:
Активна е кампања на GoFundMe, каде секој може да го одреди износот кој сака да го донира.

Отворени се сметки во Стопанска Банка на име Славица Тодоровска:

200003381608851 за трансакции во МКД;

за уплати од странство ставени се на располагање две девизни сметки:

IBAN:
MK07200003381613507 USD
MK07200003381611470 EUR
SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X.

Активни се броеви за донација VIP 143 483 и T-Mobile 143 107  

Тимот на Цаци и Цаци Ви благодари од се срце!

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top