skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Десет отсто од семејствата имаат софтвер за родителска контрола на интернет

Десет отсто од семејствата имаат софтвер за родителска контрола на интернет
  • 18.07.2018

Само 10,1 процент од домаќинствата во Македонија со малолетни лица имаат инсталирано софтвер за родителска контрола, покажува денеска објавениот Извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги за резиденцијални корисници.

Повеќе од половина од испитаниците (58 проценти) во чие домаќинство малолетните деца пристапуваат на интернет не се свесни дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден интернет.  Четирисет и четири проценти од лицата во домаќинствата што моментно немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но поголемиот дел (87,5 проценти) од нив не знаат каде можат да набават таков софтвер.

Процентот на малолетните деца кои имаат пристап до интернет (30 проценти), бележи мал пад во однос на 2017 година. Во 83 проценти од случаите децата на интернет пристапуваат секојдневно и на него најчесто 37,5 проценти поминуваат до два часа и 43,1 проценти од два до пет часа (кумулативно 80,6 проценти).

Во Македонија интернет пристап до домот имаат 84,5 проценти, а корисници на интернет се 76,8 проценти од населението.

Една третина од домаќинствата со интернет пристап упатиле телефонски приговари до својот провајдер и во 90 проценти од случаите одговорот на операторот бил задоволителен за лицето што приговарало. Само 1,7 проценти од домаќинствата со пристап до интернет упатиле писмен приговор до интернет провајдерот, најголемиот број (75 проценти) за квалитетот на услугата.

Според испитувањето, се зголемува бројот на лицата што се задоволни од брзината на интернетот, така што вкупниот процент на задоволни лица (сума од „многу сум задоволен“ и „задоволен сум“) е зголемен за 1,2 проценти во однос на 2017 година.

Голем дел од корисниците на интернет (66 проценти) не знаат дека постои можност да се измери точната брзина што ја испорачува интернет провајдерот, додека 42 проценти од тие што се свесни за оваа можност ја проверуваат брзината на нивната интернет конекција. Триесет и четири проценти од испитаниците кои имаат пристап до интернет го контактирале провајдерот поради прекин или недостапност на услугата во последните 12 месеци, а кај 54 проценти од нив проблемот е решен истиот ден.

Анкетата е спроведена во периодот од 31 мај до 14 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Back To Top