skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ден на лицата со церебрална парализа – разговор во Студио 1

Ден на лицата со церебрална парализа – разговор во Студио 1
  • 25.03.2019

25 март – ден на лицата со церебрална парализа. На оваа тема гости во отвореното Студио 1 со Јана Јосифоска беа Марија Коцева Стојчески и Оливера Савевска, мајки на деца со церебрална парализа, како и Искра Донева која е лице со церебрална парализа. Искра Донева ја раскажа својата животна приказна, која и покрај оваа здравствена состојба била првенец на генерација и завршила два факултета.

-Јас секогаш сум била благодарна за тоа  што ова ме научило да се борам и да го ценам животот, благодарна сум на моите родители кои ме воспитале да се чуствувам нормално. Јас сум била првата инклузирана во нормален процес во училиште. Успеав да ја убедам дикреторката на училиштето дека заслужувам да учам со тие деца.  Бев првенец во генерација, имам завршено два факултета и магистратура, истакна Донева.

Марија Коцева Стојчески зборуваше за нејзиното искуство како родител на лице со церебрална парализа.

-Првиот момент е шокантен кога ќе дознаете дека такво нешто ви се случува токму вам. Оттука стартува борбата затоа што наидуваме на многу препреки, институции и сето тоа оди не би сакала да кажам до недоглед, но навистина е тешко. Како родители даваме сѐ од себе и бесконечна поддршка за нашите деца, бараме да бидат исто толку сакани како и сите други затоа што сме навистина еднакви, рече Стојчески.

Оливера Савевска зборуваше за борбата со институциите.

-Кога се бориме, се бориме за мал број на деца, сите се различни и имаат различни потреби, тука се и потешкотиите односно докажувањето во институциите. Ние сме тие што треба да ја извојуваме битката и само добра организација нѐ спасува, нагласи Савевска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top