skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Дедо Цане Гелевски од кочанско Бурилчево го прослави стотиот роденден

Дедо Цане Гелевски од кочанско Бурилчево го прослави стотиот роденден
  • 08.02.2019

Во одлична здравствена кондиција и во кругот на најблиските од семејството, дедо Цане Гелевски од селото Бурилчево во општина Чешиново-Облешево денеска го прослави стотиот роденден.

Иако во локалната самоуправа немаат официјална евиденција, сепак стогодишниот Гелевски се смета за најстар жител во општината и меѓу најстарите во кочанскиот регион.

– Цел живот се занимавав со сточарство, имав стадо од неколку стотини овци, па дружењето со животните и секојдневниот престој во природа ми беше едно од најголемите задоволства. На лекар не сум бил веќе 40 години и освен потешкотиите со слухот и видот поради годините, за проблеми со здравјето не можам да се пожалам. Иако неколку децении сум без сопругата, сепак задоволен сум што децата и внуците не ме оставаат сам и постојано се грижат за мене, па добив и роденденска торта со подароци, истакна славеникот Гелевски.

Во сеќавањата за минатото стогодишниот старец се потсети на воениот и поствоениот период и скромниот овчарски живот, благодарен што животната судбина му овозможила да има добар брак од кој се родиле три сина. Во моментот живее со еден од нив, а досега има седум внуци и уште седум правнуци.

Дувајќи во свеќата од роденденската торта, дедо Цане од Бурилчево рече дека најголема желба му е луѓето околу себе да ги гледа радосни и среќни, исполнети со верба, љубов и душевен мир, без грижи за материјалната добивка.

Back To Top