skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Двајца тешко повредени, 24 сообраќајки викендот во Скопје

Двајца тешко повредени, 24 сообраќајки викендот во Скопје
  • 15.04.2019

Возач и сопатник се тешко повредени, а девет лица се здобиле со лесни телесни повреди  во 11 од вкупно 24 сообраќајки регистрирани  изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Од сообраќај се исклучени 77 возачи, од кои петмина почетници, а 71 пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Исклучени се од сообраќај и 52 возила, 50 нерегистрирани и две со претовар.

Издадени се 201 мерка за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 145 возила.

Полицијата санкционирала и 13 возачи за поминување крстосница на црвено светло, петмина за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување.

Изречени се мерки за 37 возачи за користење мобилен телефон, 16 за неносење сигурносен појас…

Back To Top