skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Давидовски: Површинските води на реките остануваат во втора категорија на квалитет

Давидовски: Површинските води на реките остануваат во втора категорија на квалитет
  • 11.09.2019

Општина Тетово информира дека неделава започнаа да се одвиваат активности за чистење на речните корита како превентива од евентуални поплави. На подрачјето на општина Тетово се работи на четири речни корита.

-Работата за расчистување на речните корита се одвива во Голема Речица,Мала Речица, во село Порој и долж течението на река Пена од два километра. Во овој период од годината чистењето на речните корита е многу важно како превентива при евентуални поплави, при појава на обилни врнежи од дожд, инфомираат од општина Тетово.

Редовните испитувања на површинските води на реките за август кои ги врши Центарот за јавно здравје покажуваат дека тие остануваат во втора категорија на квалитет. Постојат осум групи на параметри кои се показатели за класификација на квалитетот на реките, каде прва категорија е најдобра, а петта најлоша. -Во општина Тетово нема река или површинска вода со прва категорија. Сите се со од втора категорија. Единствено во поширокиот тетовски регион Беловишка река во општина Јегуновце е во прва категорија според квалитет на водата. Во оваа општина се бележи и најголемото загадување на површинска вода, на дел од реката Вардар кај Јегуновце која е од трета категорија, изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот за јавно здравје.

Докторот Давидовски потенцира дека исправноста на површинските води ќе се постигне со најавената изградба на пречистителна станици и колектори со цел да се филтираат отпадните води.

Back To Top