Град Скопје со опомени „на адреса“ на луѓето од импровизираните живеалишта (Фото)

Импровизирани живеалишта никнуваат во Скопје и на најфреквентните локации. Куќа од душеци и картони е поставена веднаш до НБРМ, а слична таква и пред зградата на Астера. Под Кале, пак, има цела населба од импровизирани куќи.
Комунални инспектори соопштија дека направиле увид на терен и на луѓето што се сместиле во овие импровизирани живеалишта на јавни површини им изрекле опомени. Како што објаснуваат, констатирале нарушувања на комуналниот ред и јавната чистота.
Од Град Скопје се надлежни за чистотата во градот, а особено да спречуваат и да се справуваат со причинителите на загадувањето на воздухот и најавија дека имаат намера да го решаваат ова прашање коешто се провлекува со години.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.