skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Град под земја – Кубер Педи, Јужна Австралија

Град под земја –  Кубер Педи, Јужна Австралија
  • 18.04.2018

Заради неверојатно високите температури кои достигаат 40 степени, градската популација на гратчето Кубер Педи во Јужна Австралија биле приморани целиот свој секојдневен живот да го преселат под земја. Така тука можат да се најдат и домови и библиотеки, но и подземна црква. 

Овој фасцинантен пејсаж со години бил длабен од рударите во потрага по скапоцени камења со кои е богат овој простор, а денеска нивните тунели и простории под површината на земјата служат и како прв светски меѓународно познат подземен хотел. На прв поглед местото изгледа многу пусто. Врз бесконечната рамнина се наоѓаат само неколку куќи, ресторан, полициска станица, училиште и болница.

Сепак, ова е само половина од целиот град. Другата половина се наоѓа под земја. Кубер Педи е изграден во 1915 година, откако 14-годишно момче случајно открива опал во областа. Во рок од неколку години стотици луѓе се собираат во местото. Наскоро сепак тие откриваат дека животот над земјата е тежок, бидејќи во текот на летото температурата често надминува 40 степени, а влажноста ретко доаѓа до 20%.

Ако сакате одмор со пиво или со омилениот пијалок, можете да го добиете во овој подземен град. И тоа во пространи и сосема пристојни пабови. Во подземниот град се наоѓа дури и црква, чии витражи изгледаат фасцинантно кога ќе ги осветли дневната светлина.

Ако пак сакате да читате, на располагање ви е и подземната библиотека. Тука се наоѓа и „Desert Cave Hotel“, односно, првиот меѓународнo признаен подземен хотел на светот, во потполност изграден во камен, така за да ја одржува пријатната температура дури и на екстремно високите температури во Јужна Австралија.

Back To Top