skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

ГРАДОНОСНИ ОБЛАЦИ му се закануваат на Балканот – можни ШТЕТИ и ПОПЛАВИ

ГРАДОНОСНИ ОБЛАЦИ му се закануваат на Балканот – можни ШТЕТИ и ПОПЛАВИ
  • 24.08.2019

Во следните 48 часа територијата на целиот Балкански Полуостров ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА но исклучително нестабилна воздушна маса која ќе условува МНОГУ НЕСТАБИЛНО време во сите земји од регионот и ќе условува намногу места поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.

Локално и тоа особено во делови од Босна и Херцеговина и Црна Гора процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и затапени во форма на ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ проследено со обилни поројни врнежи од дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер кој има опаснот да услови и штети како и со појава на силен град. Поради интензивните врнежи за кратко време постои опасност и од поплавувања. Во ваква ситуација на граѓаните им се советува да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

И во Македонија понатаму ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Поради високата влажност во воздухот и спарното време истите ќе се чувстува како да се повисоки од реално измерените.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top