skip to Main Content

Германија размислува да воведе униформи за трудници

Германија размислува да воведе униформи за трудници
  • 03.04.2018

Германските власти ја разгледуваат можноста да се воведат униформи за припадничките на Германската војска кои ќе останат бремени.

Министерството за одбрана на Германија соопшти дека околу 800 волонтерки веќе ги испробале униформите, како и долната облека, па сега се анализираат реакциите од анкетата.

– Нашата крајна цел е да набавиме униформи коишто најдобро ќе одговараат на потребите на нашите корисници, стои во соопштението.

Трудниците вообичаено се околу два отсто од 20.000 жени војници во Германија.

Back To Top