skip to Main Content

Во Скопје изминатото деноноќие 16 сообраќајки, 13 лица полесно повредени

Во Скопје изминатото деноноќие 16 сообраќајки, 13 лица полесно повредени
  • 10.01.2019

Тринаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 16 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според информацијата од Министерството за внатрешни работи, полицијата санкционирала двајца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

Од сообраќај исклучила и седум технички не исправни возила, шест нерегистрирани, едно возило поради претовар и 43 за не прописно паркирање. Специјалното возило „пајак“ подигнало 43 возила.

Санкционирани се и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, еден за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила, двјаца за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Back To Top