skip to Main Content

Во Охрид и Битола почувствуван земјотрес со епицентар од Корча

Во Охрид и Битола почувствуван земјотрес со епицентар од Корча
  • 29.06.2019

Во Охрид и во Битола попладне во 15:01 часот е  регистриран земјотрес со интензитет од четири, односно три степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатиот дел од државата од два степена.

Епицентарот на земјотресот со Рихтерова магнитуда од 4,7 се наоѓа 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Земјотресот го регистрираше телеметриската сеизмолошка мрежа на државава со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Back To Top