skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Во несреќа со кајтбординг загина српскиот рапер Гру

Во несреќа со кајтбординг загина српскиот рапер Гру
  • 10.09.2019

Далибор Андонов – Гру (46) загина вчера околу 3.30 часот кога при кајтбординг паднал во Дунав.

Телото на раперот со чамец на брегот го извадиле неговите пријатели во наутичкиот клуб Земун.

Тимот на брза помош само ја констатирал смртта.

Белград беше зафатен од невреме во моментот на несреќата, а истрагата ќе покаже дали има врска со несреќата.

Како што очевидец раскажува за српски „Курир“, денешната несреќа се случила многу брзо. Силниот ветер го изненадил раперот и буквално неколку пати го кренал во воздух и го потопил во вода.

„Пет пати во 20 секунди ветрот го крена, па го давеше во вода. Не стигна да се одврзе, готов беше уште тогаш“, раскажува сведокот, додавајќи дека раперот бил одличен возач.

Гру беше голем љубител на адреналински спортови. Покрај скијањето и бордот, тој скокал и од падобран, банџи, а секое лето се возел со кејтот на Ада Бојана.

Љубовта кон екстремните спортови се испеа и во песната „Адреналински џанки“.

Back To Top