skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Во Крива Паланка се одржа работилница „Референдум за сите“

Во Крива Паланка се одржа работилница „Референдум за сите“
  • 14.09.2018

Во Крива Паланка денеска се одржа работилница со лица со пречки во развозојот која ја организираше Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

На работлницата во рамки на проектот „Референдум за сите“ поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество присуствуваа триесетина лица од општината со попреченост, ментална и физичка, кои проследија обуки поврзани со изборното право и непречено остварување на истото.

– Лицата се дел од обуките кои ние како здружение во претстојнито перидо во соработка со Државна изборна комисија ќе ги спроведуваме низ целата држава. Лицата проследија обуки за политичко и изборно право на лицата со попреченост според конвенцијата на Обединетите нации, презентација на ивборен законик, правилници и упатства, бариери за учество на лицата со попреченост во политичките и изборните процеси, заложби во однос на подобрување на гласачкото право на лицата со попреченост, референдум и право на избор, а им беа претставени и алатките и материјалите за поддршка на лицата со попреченост при остварување на гласачкото право, информира Благица Димитровска, координатор на проектот од „Инклузива“.

– Изразувањето на желбата и правото на глас на секој граѓанин е загарантирано право за секој поединец во општеството, не треба и не смее да биде ускратено по никој основ и сите институции  треба да го овозможат непреченото остварување на тоа право, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

„Инклузива“ ќе биде акредитирана организација која ќе го следи изборниот процес од страна на попреченоста.

– Имаме 40 набљудувачи од кои 80 отсто се лица со попреченост, имаме и од Крива Паланка набљудувач, така што ќе добиваме релевантни податоци од терен за состојбите. Шаблонот за гласање се подобрува според нашите спецификации и ќе има граничник за гласање на лицата со попреченост, додаде Димитровска.

Активности од проектот „Референдум за сите“ ќе се реализираат во повеќе општини до Македонија.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top