skip to Main Content

Волмарт отвори „паметен супермаркет“ во Кина

Волмарт отвори „паметен супермаркет“ во Кина
  • 04.04.2018

Американскиот синџир на супермаркети Волмарт најави дека ќе го отвори својот прв високо-технолошки супермаркет во Кина, во кој купувачите ќе можат да платат користејќи ги своите мобилни телефони преку платформата JD Daojia.

Потегот е дел од стратегијата на Волмарт за влез на кинескиот пазар, при што фокусот ќе биде на интернет продажбите. Волмарт веќе има искуство со отворање на помали продавници во САД, обично лоцирани во урбаните зони, за разлика од препознатливите хипермаркети во предградијата, но овој експеримент беше неуспешен во САД.

Back To Top